Емма Гариќ-жената која ја носи најпрестижната органска италијанска козметика Philip Martin’s во Македонија
Еден козметички производ денес не претставува само физичко добро со конкретна намена, тоа е и приказна која го опишува персоналитетот и карактерот на една личност, нејзиниот животен стил, посакуваната слика за себе. Истовремено и копнежот за одреден статус, чувството на привилегија, индивидуалност и уникатност! Крајната цел на една козметика е да донесе чувство на задоволство, исполнетост, да ја задоволи страста за животот и сите убави работи кои тој ги носи.
Токму таа страст за убави и префинети работи, и желбата за перфекционизам ја спои Емма Гариќ со престижната италијанска органска козметика “Philip Martin’s”, таа е и нејзин ексклузивен застапник за Австрија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Македонија, Црна Гора, Албанија, а од неодамна и за Обединетите Арапски Емирати.
Која е Емма Гариќ?
Во Виена ги помина изминативе 22 години. Поради деловните обврски често патува на релација од Виена до некој од балканските градови, како и до Обединетите Арапски Емирати, а во периодот кој следи ќе донесе одлука каде во Европа ќе живее, а секако дел од годината ќе биде во Емиратите. Со стекнатото високо образование во Виена, со можноста да живее во различни земји, Емма ја има среќата да изгради лични познанства и да стекне пријатели од целиот свет. По потекло од Босна, во време на војната во Босна таа доаѓа да живее во Скопје заедно со своето семејство, во период кога нејзиниот татко успешен бизнисмен тесно соработува со компании од Скопје (соработка која трае до денес). Во Скопје поминува цели 10 години од своето детство и образование, и како што кажува “преубав период од кој имам убави спомени”. Го зборува течно македонскиот јазик, еден од 6-те јазици кои ги зборува, го сака Скопје, и Македонија, а овде има голем број на пријатели, и затоа секоја слободна прилика ја користи да ја посети како што вика “нејзината Македонија”.
Токму таа љубов кон земјава ја мотивираше да ја донесе престижната италијанска органска козметика во Македонија. За која верува дека иако станува збор за уникатна и престижна козметика, во секоја земја има одредена група на луѓе, кои овие производи би ги користеле. Има и такви кои се запознаени со колекцијата, па сега нема да мора да патуваат во странство за да ја купат.
Како што на италијанките и на жените низ светот одамна им е познато “Philip Martin’s” е најдобриот сојузник на женската убавина, и дека тоа се производи со врвен квалитет кои сега ќе може да ги користат и жените од овој дел од Европа. А достапноста и слободата на избор е нешто што секогаш треба да постои!
Што е она што го прави уникатен овој бренд?
Го карактеризираат 5 клучни елементи. Тој е био органик. Претставува идеален спој на природата и науката, резултат на иновативни, патентирани и сертифицирани органски формули. Содржи само природни активни состојки, кои обезбедуваат делотворност. Еколошки се! При нивното производство се зачувува животната средина, и не се користат никакви токсични додатоци. Ги поттикнува сите сетила. Му обезбедува на корисникот едно сетилно патување, во кое ќе се разбудат и најдлабоките чувства, а се креираат неповторливи моменти. Истовремено овој бренд значи и луксуз! Благосостојба за телото и духот, задоволство кога ќе се погледнете во огледало. И секако ексклузивност! Philip Martin’s не е само производ, туку систем кој вклучува еволуција, раст, компетентност, вештини предодредени за силни личности. Филозофија на животот која ја следи индивидуалната човекова патека.
Како се случи соработката со“Philip Martin’s“?
Првично преку мојот салон во Виена уште пред пандемијата, каде имав можност добро да се запознаам со производите на Philip Martin’s, и веднаш да се заљубам во нив. А потоа преку познанството со господинот Mauro Trimigliozzi, кој е воедно и сопственик на овој бренд, да имам можност да го презентирам мојот бизнис план за Балканот, кој веднаш му се допадна и започнавме партнерска соработка, со што јас ја добив лиценцата како ексклузивен застапник.
“Philip Martin’s” е моно бренд со највисоко ниво на луксуз на пазарот! Што тоа значи?
Ние не сме мулти бренд кој се нуди од “врата до врата”, туку пред се моно бренд кој сака да ја задржи својата ексклузивност и највисоко ниво на луксуз. Бренд кој е престиж да се има, кој доколку го поседувате претставува некој вид потврда дека сте успеале во животот, и дека навистина знаете што сакате. Одговор на вашиот префинет стил, на посебност и духот на една современа жена.
Не е секогаш лесно да се убедат клиентите да сменат бренд или да пробаат нов производ, но штом ќе го доживеат квалитетот на производите на “Philip Martin’s”, нивната сетилност и мирисите кои пленат, веднаш ја забележуваат разликата. Ова се производи посветени на благосостојбата на кожата и на нејзиното природно одржување.
Кои Philip Martin’s производи најчесто ги користите?
Најчесто се тоа производите за нега на кожата и скалпот, потоа фарбите и секако пудрите за осветлување на тенот на кожата. SCALP BENEFIT продуктот ми е еден од омилените, благодарение на неговите перформанси, неговата способност за регенерација и олеснување на кожата на самиот скалп. Линијата против стареење на кожата исто така е нешто што го обожаваат жените. Но, сепак морам да истакнам дека целата колекција, како за жени, за мажи, па и за професионалните фризери е внимателно креирана, и со врвен квалитет.
Мирисот од природата, оригиналниот квалитет, знаењето и искуството уште од антиката, медитеранската култура, искомбинирани со најновите технологии за производство на органски козметички производи, прават Philip Martin’s да биде нешто посебно, да ја отсликува италијанската специфичност, а сепак да биде интернационален бренд кој носи убавина за сите.
Повеќе инфо на https://www.philipmartins.it/