Германија бара работници – овие струки најмногу се бараат, а не ви треба факултет
Во првиот квартал од оваа година во Германија биле непополнети 1,38 милиони работни места, што е скоро 200.000 повеќе од минатата година, соопштила денеска Сојузната агенција за вработување, наведувајќи дека најголема побарувачка и понатаму има за квалификувани работници со средношколско образование.
-Пазарот на трудот и понатаму е нечувствителен на опасностите низ кои поминуа поради назнаките дека државниот раст може да ослабе. Бројот на непополнети работни места од почетокот на годината опадна, но тоа е поврзано со сезонските движења. Во споредба со минатата година забележано е зголемување на побарувачката за работници – рекол Александер Кубис, од Институтот за истражување на пазарот на трудот, кој соработува со Агенцијата за вработување.
Според најновите информации, на 170 невработени доаѓаа 100 непополнети работни места, пренесува Индекс.хр
Најголема побарувачка има во градежништвото и здравството.
Најголема побарувачка има за работници со средно образование, но и понатаму владее голема побарувачка за инженери во секторот за хемија, машинство и градежништво.
Истовремено се зголемила побарувачката за работници без квалификации.