Газда се налутил и ја врзал вработената за дрво!

Богат маж од Саудиска Арабија брутално ја казнил жената , која во неговиот дом работела како чистачка и ја врзал за дрво.

Филипинката , која работела како чистачка во дом на богат Саудиец направила ,,страшна “ грешка кога оставила дел од скапоцен мебел на сонце. За да ја казни , газдата ја врзал 26 годишната Ловли Акоста Баруело за дрво и ја оставил неколку часа на силното сонце.

Овој случај предизвика реакции во Министерството за надворешни работи на Филипини , од каде на жената , која е мајка на две деца и помогнаа веднаш да се врати назад.

Жената по враќањето на Филипини изјави дека има огромен број жени кои во Саудиска Арабија се предмет на понижување , но имала среќа што другите вработени кај Саудиецот направиле снимка за да може да се спаси и да се врати дома.

Во земјите на Блискиот исток работат дури 2,3 милиони Филипинци од кои повеќето се жени.

Translate »