ДЕВОЈЧЕ ПОЧИНАЛО ВО СОН после три дена откако било утврдено дека има Ковид-19: Родителите сакаат да испратат важно предупредување

9-годишната Мекензи Гонгора од Сан Антонио, Тексас почина во сон само три дена откако и беше дијагностициран коронавирусот, иако немаше посериозни симптоми. Нејзините родители сакаат да ја предупредат јавноста дека Ковид-19 може да биде опасен и за децата.

Девојчето прво се пожали на главоболка на 29 јануари, а нејзините родители исто така виделе дека има треска. Кога била тестирана на коронавирусот, се покажало дека е позитивна.

Во интервју за „Today“, Ерика Гонгора, тетка на Мекензи, изјавиla дека девојчето немало потешкотии со дишењето кога била испратена дома од воено-медицинскиот центар „Брук“.

Следните неколку дена симптомите бile благи, а на 1 февруари Мекензи се пожалила на болки во стомакот и замор. Таа си легнала порано, а во раните утрински часови на 2 февруари починала во сон, пренесува „yahoo.com“.

https://t.co/istVqhEFzi?amp=1

Во следните часови биле тестирани таткото на Мекензи, Нејтан, припадник на Националната гарда на САД и нејзината помлада сестра Софија, кои исто така биле позитивни на Ковид-19. Мајката Кристл веќе била вакцинирана како медицинска работничка и тестот ѝ бил негативен.

Семејството не знае дали Мекензи имала други болести, но велат дека таа била мала за нејзините години. Сега чекаат официјален извештај од медицински експерти за причините за смртта.

„Родителите на Мекензи ги следеа сите упатства на лекарите и тие се многу збунети што таа е меѓу децата кои починаа од Ковид-19“, вели тетката на девојчето, Ерика Гонгора.

Семејството сè уште не добило потврда дека коронавирусот е причина за смртта, но тие веруваат дека тоа може да биде случај.

Translate »