Мажите нејзиното тело го прогласија за идеално, а таа вели: „Немам мајчински инстинкт“
Кели Брук (41) веќе со години е во врска со Џереми Перси (34), но не сака да се венча со него ниту пак да има деца.
Кели Брук вели дека премногу ужива во својата слобода и дека не помислува да стане мајка поради тоа што мајчинството моментално не ѝ е во план.
Кели во едно интервју открила дека не планира да се венча: „Имам листа на работи кои треба да ги направам, но бракот не е на неа“.
На прашањето за тоа дали сака да се оствари како мајка, изјавила: „Чувствувам дека бракот и децата не се работи кои ги сакам. Сакам да патувам и да го поминувам времето со својот партнер, ги сакам животните и ја сакам цела слобода. Сакам да бидам спонтана. Постојат толку многу работи кои ги сакам и мислам дека бракот и децата би ме спречиле во тоа. Се обидувам да замислам како сето тоа би изгледало доколку би имала деца – тоа е голема обврска“
https://www.instagram.com/p/CNiSSeHHb5x/embed/captioned/?cr=1&v=13&wp=594&rd=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk&rp=%2Fadmin%2Fnews%2F376967%2Fedit#%7B%22ci%22%3A1%2C%22os%22%3A416.38500010594726%2C%22ls%22%3A389.8100000806153%2C%22le%22%3A404.4300001114607%7D
„Многу е тешко да зборувате за сето тоа во 40-тите. Не велам никогаш, но сега тоа ми е приоритет. Размислувам на тоа малку, но брзо заборавам на темата. Едноставно го немам тој инстинкт“, признала Кели која со Џереми е заедно од 2015 година, а во јули минатата година почнале да се договараат за веридбата.
„Всушност, не зборувавме многу за бракот. Тој е помлад од мене и има уште многу работи кои сака да ги направи во животот. Така што нема да го терам на тоа сега“, признала таа.