Да навиваме за Македонија, за трета по ред победа во Лигата на Нации!

Фудбалската репрезентација на Македонија во сабота од 20:40 часот го игра натпреварот против Лихтенштајн, трет натпревар од новоформираната Лига на нации.

Пандев, Алиоски, Барди, Несторовски и другарите се фаворити против Лихтенштајн, се наоѓаме во добра форма, имаме одлични фудбалери и секако очекуваме победа против Лихтенштајн.

Мора да го добиеме овој меч. Но, пак велам дека ништо не е готово. И нема да е толку лесно, затоа што во фудбалот се е можно. Но, ние сме поквалитетни, ни се вратија Хасани и Адеми. Треба да имаме концентрација како на последните мечеви. Ако играме така, сигурно ќе победиме, изјави Алиоски.

Македонија на европско првенство во фудбал! Да, преку Лигата на нации возможно е и помалите земји да одат на големо натпреварување. Фудбалската федерација на Македонија ги повикува фановите да дојдат во што поголем број на Националната арена во сабота и да и дадат поддршка на нашата репрезентација.

Натпреварот меѓу Македонија и Лихтенштајн се игра на 13 октомври во 20:45 на „Филип Втори“ а билетите се пуштени во продажба по цена од 150 за северната и 100 денари за јужната трибина.

Денеска на плоштад Македонија од 17:00 до 19:00 часот, фотографирај се со РИСКО,
означи ја Фудбалска Репрезентација на Македонија, постирај #АјдеНаСтадион и
освои влезница за натпреварот #Македонија – Лихтенштајн од #NationsLeague. #СегаЕНашеВреме

Ја победивме селекцијата на Гибралтар, па Ерменија на ред е Лиштенштајн!

Translate »