Не може еден да договара, а друг да мести, срамота е, му пишал Ставрески на Јанакиески за кинеските автопати
Во Кривичниот суд се читаа над 300 СМС пораки за незаконскиот тендер за изградбата на кинеските автопати во предметот на СЈО „Траекторија“, откако претходно заврши пуштањето на околу 350 прислушувани разговори, пренесе СДК.
Се чита како обвинетиот Миле Јанакиески ја тера работата за тендерот да го добие кинеската компанија „Синохидро“, иако веќе пристига втората понуда од друга кинеска компанија „СВЕ“, која подоцна е игнорирана како да не постои и тендерот го добива „Синохидро“, што е основата на ова обвинение кое го застапува обвинителката Лиле Стефанова.
Јанакиески му пишува на вицепремиерот Зоран Ставрески дека изгледа ќе има понуда и од компанијата „СВЕ“, па му препорачува да им даде термин некој четврток, ама таа средба да биде протоколарна.
На 25 февруари 2013 година, кога во тек се и потпишувањата на меморандумите до кинеската влада, Ставрески му пишува на Јанакиески: „Нема ни износ, ни назив, ни фирма, ни параф на документот. Ако нема износ, назив, фирма, нема ни апликација. Не можеш вака да местиш луѓе. Не може еден да договара, а друг да мести. Срамота е!“.
„Никој никого не мести. Кога ќе ги имам точните суми ќе ти ги пратам. Не е убаво да мислиш дека те местат“, му враќа Миле на Ставрески и му допишува во СМС порака дека кога ќе ги има точните суми, ќе му ги прати на мејл.
Потоа Ставрески му кажува дека од кинеската амбасада, која претходно се изнела дека ќе ја поддржи секој нивна компанија што ќе го добие тендерот, прашуваат зошто не се известени за апликацијата. Миле му одговара: „Однеси го на ручек амбасадорот и смири го“.
Повеќе на СДК на следниот линк.