Од полноќ поевтини цени на горивата
Во следните две недели возачите ќе ги полнат резервоарите со деривати по нови цени.
Регулаторното тело за енергетика ги објави новите цени со кои горивата поевтинуваат.
Согласно одлуката на РКЕ бензините ќе бидат поевтини за еден, а дизелот за 1,5 денар.
Тоа значи дека ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се точи по 71,00 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 73 денари за литар.
Новата цена на Еуродизелот (Д-Е) ќе биде 62,5 денари .
Се намалува и цената на мазутот која ќе изнесува 33,897 денари.