Најавеното невреме беснееше во некои делови од Македонија

Силни врнежи и грмежи, на места и град беа најавени за денеска од УХМР.

Пороен дожд, грмежи и засилен ветер попладнево ќе има и во Скопската котлина, а можно е и појава на краткотрајно невреме.

Утре ќе преовладува променливо облачно време со локален краткотраен дожд и ретки грмежи, особено во крајните западни и источни делови. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.

Од среда следува период на променливо и нестабилно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Дневната температура повторно ќе биде малку под просекот за овој период од годината и ќе биде во интервал од 24 до 32 степена.

Невремето започна, еве каде веќе беснее:

Попладнево во Прилеп и прилепско зафати големо невреме, проследено со град кој нанесе огромни штети кај посевите на земјоделците.

Во видеото кое е снимено во прилепското село Големо Коњари може да погледнете што остави зад себе невремето!/Преземено од news24.net.mk

 

Translate »