На една од најбогатите земји на светот ѝ се заканува економска катастрофа
Една од најбогатите земји на светот би можела да доживее најголем пад на економијата уште од својата независност…
Бидејќи коронавирусот нанесе штети дури и на моќната економија на Сингапур, цените на недвижнините конечно паднаа и тоа најмногу во последниве три години.
Попрецизно, во изминатите три месеци, тие паднале за 1.2 отсто, пренесуваат од „Блумберг“.
Тоа е последица на неможноста на продажба на недвижнини, која што моментално владее со целиот свет па така и на пазарот кој што е познат по најскапите недвижнини и имоти на светот.
„Пазарот на недвижнини веројатно ќе остане во пад, сè додека невработеноста е на ниско ниво. Сè зависи од времетраењето на пандемијата“ – вели Кристин Сун, шефица во истражувачкото одделение „OrangeTee & Tie“.
Ситуацијата дополнително би требало да ја олесни понудата на најголемите сингапурски банки поврзани со замрзнување на отплата на кредити. Сепак, прашањето е дали ќе сакаат да го направат тоа.
Како што стојат работите, оваа азиска земја оди кон својата прва рецесија во последните 20 години. Во последниот квартал БДП опаднал за 2.2 отсто во однос на истиот период од претходната година, што е најголем пад од кризната 2009-та година.
„Сингапур веројатно ќе го доживее најголемиот пад на економјата од својата независност досега“ – изјавил Хенг Сви Кеат, претставник на Владата на таа земја, откако биле објавени прогнозите за падот на БДП за четири отсто во 2020-та година.
Како што пишуваат од Би-би-си, бидејќи Сингапур е една од првите земји која што објави податок за растот, односно падот на економијата, тоа ни дава јасен податок за штетата која што ќе настане како последица на коронавирусот ширум светот.