Видео: Интервјуто на Меланија Трамп, открива детали од нејзиниот живот

Првата дама на САД, Меланија Трамп, во петок ќе гостува на телевизијата “ABC” каде ќе открие непознати детали од својот живот.

Јавноста со нетрпение го очекува емитувањето на интервјуто на Меланија и Томас Ламас во кое Словенката конечно ќе открие детали за кои досега само се зборуваше.

Како што наведуваат од телевизијата, во интервјуто немало забранети прашања, а првата дама ќе зборува за тоа дали наводната афера на Трамп влијаела на нивниот однос.

Во интервјуто, Меланија зборувала и за контроверзната јакна на брендот “Zara” со натпис “I really don’t care, do you?” која ја носела во текот на посетата на децата мигранти.

Интервјуто со наслов “Being Melania – The First Lady” ќе се емитува овој петок, 12-ти октомври, а со цел да привлечат што повеќе гледачи, телевизиската куќа “ABC” објавила кратко видео во кое се гледа што сè можеме да очекуваме од нивниот разговор.

 

Translate »