Во август 349 граѓани на Република Македонија побарале азил во земја од Европската Унија
Во август 349 граѓани на Република Македонија побарале азил во земја од Европската Унија, а од нив една третина се повторни барања откако еднаш биле одбиени, покажуваат последните бројки на Европската канцеларија за азил (ЕАСО). Се уште 919 лица од Македонија се во исчекување на одговор од властите (пендинг).
Во јули бројката на барања од Македонија била 351, а во октомври 2017 – 505.
Граѓаните од Србија, Македонија и Таџикистан се рекордери по бројот на повторни барања за азил, што, според ЕАСО, покажува дека овие лица се долгорочно присутни во системите на азил на земјите членки на ЕУ.
Македонците со еден отсто и Молдавците со нула отсто имаат најниска стапка на одобрување на барањата на азил, по нив следуваат Грузија и Гана со два отсто.
Општо земено во ЕУ во август имало 48 илјади барања за азил, што претставува пад од осум илјади. Стапката на одобрување на барањата е 33 отсто. Лицата од Сирија, Јемен, Етитреа и Палестина имаат најголеми шанси да бидат одобрени.V
о август 349 граѓани на Република Македонија побарале азил во земја од Европската Унија, а од нив една третина се повторни барања откако еднаш биле одбиени, покажуваат последните бројки на Европската канцеларија за азил (ЕАСО). Се уште 919 лица од Македонија се во исчекување на одговор од властите (пендинг).
Во јули бројката на барања од Македонија била 351, а во октомври 2017 – 505.
Граѓаните од Србија, Македонија и Таџикистан се рекордери по бројот на повторни барања за азил, што, според ЕАСО, покажува дека овие лица се долгорочно присутни во системите на азил на земјите членки на ЕУ.
Македонците со еден отсто и Молдавците со нула отсто имаат најниска стапка на одобрување на барањата на азил, по нив следуваат Грузија и Гана со два отсто.
Општо земено во ЕУ во август имало 48 илјади барања за азил, што претставува пад од осум илјади. Стапката на одобрување на барањата е 33 отсто. Лицата од Сирија, Јемен, Етитреа и Палестина имаат најголеми шанси да бидат одобрени.