Иницијатива на „Слободен печат“: Вака треба да изгледа просторот пред „Холидеј Ин“!

Редакцијата на „Слободен печат“ ги повикува сопствениците на парцелата пред хотелот „Холидеј Ин“, која сега е паркинг, каде што треба да никнат пет кули, заедно со општинските и градските власти, да го испочитуваат јавниот интерес и да најдат начин просторот да се пренамени за изградба на парк.

Во спротивно, доколку овој повик не биде прифатен, „Слободен печат“ јавно ќе ги повика сите невладини организации кои се грижат за здрава животна средина, да организираат масовни протести и блокада на овој простор.

Повеќе за иницијативата и за можностите таа да се реализира прочитајте во утрешното печатено издание на „Слободен печат“.

Translate »