Мандатот на Груевски вo среда пред пратениците
Собраниската комисија на која требаше да се разгледува одземањето на мандатот на пратеникот Никола Груевски, кој е осуден на две години казна затвор, наместо утре е презакажана за в среда. Одлуката прво се разгледува на комисијата за мандатно- имунитетни прашања, а за да му се одземе мандатот потребно е двотретинско мнозинство, односно 80 пратеници. Новата пратеничка група која произлезе од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата веќе се изјасни дека нема да го поддржи одземање на мандатот на Груевски.
Поранешниот премиер, пак, има уште една можност да го одложи одењето во затвор. Тој може да ја обжали одлуката од судијата за извршување санкции. Судијата одлучи да не му го одложи одењето во затвор, Груевски има три дена да поднесе жалба до Кривичен совет, а Советот има исто толку денови за одлука, па тоа може да му го одложи одењето во затвор за неколку денови.