Бизнис заедницата е против прогресивниот данок – таа апелира, Владата да ја сопре сивата економија, така ќе има не 30, туку плус 300 милиони евра во буџетот

Бизнисот на нозе по владините најави дека од идната година се воведува повисока даночна даночна стапка од 18 отсто за приходите над 90 илјади денари месечно. Наместо да воведува прогресивно оданочување, Владата, како и сите претходни, требаше да се фокусира како да ја сопре големата сива економија и даночна евазија, која ги јаде буџетските приходи. Бизнисменот Рафајловски вели дека таа е особено раширена во помалите места и во западиот дел од земјава, а доколку се решеше, немаше да ни треба даночна реформа.

Ако се отидеше во тој правец да се сопре сивата економија, овие видови на дополнителни оданочувања ќе ги разгледувавме можеби за 4 до 5 години од сега, а во Буџетот на Македонија, наместо да се соберат 20 до 30 милиони евра годишно, ќе се собереа од 200 до 300 милиони евра. Е па кога правите некои реформи, треба да погледнете напред што тие ќе предизвикаат, а ако не тогаш тоа е грешка на тој што ја прави реформата, вели бизнисменот Горан Рафајловски.

За прогресивниот данок Стопанската комора на Македоноија утре на вонредна седница на Управниот одбор, и порачуваат да Владата да не избрзува, ова е сервирано како готово законско решение на неполни два месеци пред стартот на годината. Велат, заедно со уште три комори уште во септември побаравме од Владата реформата да ја одложи за пет години, бидејќи се неопходни широки консултации за да се согледаат ефектите.

Тука мислиме не само на ефектите од приходната страна, туку и врз работењето на деловните субјекти, нивната продуктивност, конкурентност, но и недостигот од високо квалификувана работна сила, со што стопанството се соочува долги години, а истовремено да се предвидат и прашањата за стабилноста и предвидливоста на деловното опкружување, бидејќи на помалку од 60 дена доп започнувањето на новата фискална година во која ќе треба да се примени мерката, а голем дел од деловните субјекти веќе ги имаат усвоено и утврдено фискалните планови за следната година, вели Татјана Штерјова, Стопанска комора на Македонија.

Прашуваат и како ќе се контролира и администрира новиот даночен режим, бидејќи, велат, станува збор за целосно ново даночно уредување.

Не сметаат како бизнисмени што се богатиме на грбот на граѓаните, па добро е сите да ги плаќаме даноците, и тоа што Владата мисли дека има доволно богати луѓе во земјава за да бидат повеќе оданочени, но оваа мерка сигурно ќе предизвика револт кај бизнисот, вели Рафајловски. Тој многу долг период беше научен на рамниот данок. Сега големите и моќни бизнисмени ќе најдат начин како своите пари да ги извадат од земјава, со тоа што ќе ги префрлат кај нивните фирми ќерки во Бугарија и во Србија, на пример, каде данокот е 10 отсто. Да не излезе сакајќи да собереме повеќе приходи во буџетот, да имаме спротивен ефект, предупредува Рафајловски.

Ние и така ги губиме човечките ресурси. Ова ја погаѓа најмногу ткн средна класа, бидејќи екстра бизнисите што земаат повеќе пари ќе се снајдат како да ги извадат и на кој начин. А средната класа која успеала да дојде до некој стандард на подобро живеење од 100 до 120 илјади месечно, ќе биде погодена, тоа с еинтелектуалци, уметници, професори на факултет, баш онаа средна класа која најмногу ни недостига и има постојан одлив на таа категодија од Македонија, вели Рафајловски.

Прогресивна стапка од 18 отсто од први јануари се воведува за не само за доходот од работа, туку и од самостојна дејност, од авторски и сродни права и од продажба на сопствени земјоделски производи ако тие годишно заработат над милион и осумдесет илјади денари, стои во новиот нацрт предлог на Законот за данок на личен доход, кој финансии го објави и на својата веб страница. Рафајловски вели дека Владата преку правилници ќе мора да прецизира дали и кои приходи ќе се пресметуваат месечно или пак, годишно, за лицата кои повремено ќе имаат повисоки приходи, и кои субјекти која стапка ќе треба да ја платат.

Данок на доход со стапка од 15 отсто граѓаните ќе плаќаат на дивидендите, каматите од депозитите, што ќе важи од 2020 година, доколку годишниот приход од каматата надминува 15.000 денари, на каматите од заеми на физички и правни лица, како и на каматите и капитални добивки од хартиите.

 

Translate »