Објавен оглас за прием на 125 професионални војници во АРМ
Министерството за одбрана на својата веб-страница објави оглас за вработување на 125 професионални војници во АРМ.
Кандидатите кои ќе бидат избрани ќе склучат договор за работа на определено работно време во времетраење од три години. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови: да се државјани на Република Македонија; да се полнолетни; да имаат посебна здравствена и физичка способност; да имаат завршено средно образование; да имаат завршено доброволно служење на воениот рок и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници.
Ова е линкот за аплицирање оглас