Градот Скопје најавува нов лик на кејот кај ГТЦ, кафеанџиите против
Градот Скопје најавува нов изгледа на кејот 13 Ноември во центарот на Скопје кое вклучува целосна пешачка зона и отстранување на летните тераси на кафулињата.
Град Скопје најави целосна реконструкција на кејот „13 Ноември“ со што градоначалникот Петре Шилегов планира да го реши хаосот и безредието кој е горлив проблем за скопјани веќе неколку години, со цел едно од најатрактивните места во градот да го врати стариот сјај. Во план е да се реновира плочникот кој ШТО е речиси целосно уништен од неконтролираната циркулација на возила, а од Град Скопје најавија и рушење на летните тераси на угостителските објекти долж кејот.
На оваа тема остварени се поголем број на средби со сопствениците на локалите и презентирани им се сите планови и проекти. Разговарано е за пронаоѓање на оптимално решение во интерес на сите, но Град Скопје нема да прави компромиси околу слободниот јавен простор и репрезентативност на кејот.
Ваквата одлука на градот наиде на незадоволство кај угостителите на кејот. Тие се жалат дека не им е понудена алтернатива, а рушењето на терасите дополнително ќе им ја отежне финансиската состојба поради пандемијата од коронавирусот. Тие се сложуваат дека на кејот му е потребна реконструкција, но не и да се урнат нивните тераси
Не е понудено никакво оптимално решение, ние овие тераси ги напраивме трендовски, треба да знае градоначалникот дека ова е „фут-корнер“ на цел град, од овде се ранат 500 фамилии и од старт треба да му биде јасно дека од оној момент кога ќе ги стави багерите на овој кеј и кога ќе ги сруши летните тераси, 50% од вработените ќе мора дома да си одат.
Градот ги демантираше во целост информации дека ќе се прави посебна улица за возила на кејот, велат напротив ќе се зголеми рестрикцијата на сообраќајот. Пристапот ќе биде само технички за потребите на објектите со определен број на возила во определено време.