Ресторани Сидро: асоцијација за свежа и квалитетна морска хранa
Ако сте љубители на морска храна која е свежа и одлично подготвена, а цените разумни, тогаш рестораните Сидро се идеалното место за Вас.
Ги карактеризира автентична и домаќинска атмосфера, љубезен персонал и несекојдневни морски јадења, кои се овде внимателно подготвени. Ако некогаш и некаде сте пробале октопод а тој бил жилав, овде ќе се изненадите кој ќе биде вкусен и скротен. Додека пак ракчињата подготвени во кадаиф се вистинска поезија! Пржени каламари, лосос, крап се е вкусно.
Тоа е и причини овде никогаш да не е празно, а оние кои доаѓаат да се лојални и едвај да чекаат да дојдат пак.
Сидро не е обичен ресторан за јадење! Овде ќе доживеете инстант медитерански вибрации, позитивни емоции и ќе уживате во срцето на нашиот раздвижен град. Место каде се склучени многу бизнис договори, каде што се започнати многу љубовни приказни и бројни пријателства…место каде дефинитивно ќе уживате.
Мотото на ресторанот е: „Сидро – вкусот на морето во Скопје“ и со право! Ова е место каде што кулинарската работа е целосно обземена со природните богатства на морето во танц на вкусови што им пркосат на многу очекувања. Со разумни цени!
Рестораните Сидро се убави во секој нивен ќош. Простор каде можете да уживате во својата приватност и покрај исполнетоста со гости. Додека се одмарате и уживате воедно се чувствувате и како дома во прегратките на Сидро. Времето поминато во Сидро не е само обичен ручек или вечера туку сетилно патување што гради спомен и живее долго по последниот залак.
Сидро нека биде гастрономски компас за вистинските љубители на добра храна.