Зинедин Зидан е повторно тренер на Реал Мадрид
Францускиот експерт Зинедин Зидан е повторно тренер на Реал Мадрид. Информацијата за враќањето на трофејниот тренер во клубот ја потврди и кралскиот клуб.
Реал Мадрид минува низ најлошата сезона во историјата, а особено е впечатливо тоа што за само седум дена испадна од Купот на кралот, Лигата на Шампиони, но ги загуби шансите за прво место во Ла Лига.
Зидан во мај, минатата година, само пет дена по освојувањето на третата титула на европски првак, даде отказ како тренер на Реал. Никој тогаш не очекуваше дека тренер кој во Реал за помалку од две и пол години освои една шпанска, две светски и три европски титули, ќе поднесе оставка.
Во продолжение на сезоната му претстои борба за трето место во Ла Лига, но и реконструкција на екипата.