ПСИХОЛОГИЈАТА ЗАД КУПУВАЊЕТО ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА: Зошто токму овој производ најмногу се купува во време на епидемија?

Во моментот кога епидемијата на новиот коронавирус започна да се шири, прво се појави недостаток на маски за лице. Потоа истиот тренд ги погоди и средствата за дезинфекција на раце, а сега луѓето ширум светот панично купуваат тоалет хартија, пишува „Меркјури њуз“.

Тоа доведе до тоа произведувачите во Соединетите Американски Држави и Канада да започнат со ограничува на бројот на пакувања кои купувачите можат да го купат во едно доаѓање во маркетите. Во некои супермаркети во Британија сите пакувања со тоалетна-хартија се распродадени, додека еден австралиски печатен медиум објви дополнителни осум празни страници во своето последно издание, наведувајќи иронично дека луѓето со нив можат да се послужат доколку се соочат со недостаток на тоалетна хартија.

Фото: Профимедиа

Но, зошто се се случува тоа? Тоалетната хартија не нуди посебна заштита против вирусот. Не се смета за нужна залиха како лебот и млекото, а луѓето го бараат повеќе отколку што може да се добави. За тоа може да има повеќе причини, констатираат од „Меркјури њуз“.

Луѓето се вртат кон екстреми кога слушаат конфликтни пораки

Стивен Тејлор, психолог и автор, вели дека тоа од една страна е разбиливо, но од друга страна е претерано.

– Можеме да се подготвиме без паника. Новиот вирус ги плаши луѓето бидејќи е нов и многу работи се непознати. Кога луѓето слушаат конфликтни пораки за ризиците кои вирусот ги претставува и како треба да се подготват, тие имаат тенденција да се свртат кон екстремите – вели тој.

Додава: „кога ќе слушнат дека доаѓа нешто опасно, но дека само треба да ги мијат рацете, потоа акцијата не делува пропорционално на заканата. Посебна опасност бара посебни мерки за претпазливост – додава тој.

Панични одлуки

Фотографии од празни полици и колички полни пакети тоалетни хартии ги наполнија медиумските извештаи и социјалните мрежи. Луѓето можат да забележат испаничени купувачи, а претпоставајќи дека постои причина за паника и самите тие започнуваат да прават сопствени залихи.

– Со оглед дека луѓето се социјални суштества, гледаме едни од други за да можеме да видиме што е безбедно, а што е опасно. Така, кога ќе видите некој во продавница дека панично купува, тоа создава ефект на зараза со страв – вели Тејлор.

Фото: Профимедиа

Сите фотографии од празни полици можат да ги наведат луѓето да веруваат дека мораат да побрзаат за да набават тоалетна хартија додека се уште можат, истакнува Тејлор и додава дека социјалните мрежи имаат важна улога во тоа бидејќи дезинформациите лесно се шират.

Природно е претераното подготвување

Можеби во создавањето на прекумерни залихи има некоја практичност, укажува Френк Фарли, професор на универзитетот Темпл. Додека Центрите за превенција и контрола на болести и други меѓународни здравствени агенции им советуваат на одредени делови на популацијата да останат во своите домови и да избегнуваат контакти си други луѓе, природно е сите да сакаат да се подготват за тоа.

– Новиот вирус предизвикува некоја врста на психологија на опстанок, кога мораме да живееме што е можно повеќе во своите домови и со тоа да направиме залихи од неопходни работи, а тоа секако ја вклучува и тоалетната хартија. На крајот на краиштата, ако изсчезне, со што ќе го замениме? – се запрашува Фарли.

Парите како и да е ќе се потрошат за тоалетна хартија, до набавка ќе дојде порано или подоцна, а единствена грижа се долгите редици и потешкотијата да се пронајде во продавниците. Со оглед на тоа дека до употребата на тоалетната хартија ќе дојде кога-тогаш, работите се различни во однос кога се купува нешто што веројатно никогаш нема да се користи.

Чувство на контрола

Луѓето трупаат резерви мислејќи на самите себе и на своите семејства и на она што им е потребно за да се подготват, а не на здравствените работници, заболените или другите сограѓани на кои наскоро би можел да им притреба тоалетна хартија.

– Тоа е се поради овој бран на предвремена анкисозност. Луѓето стануваат анксиозни пред всушност да дојде до инфекцијата. Не ја гледаат поголемата слика, на пример кои се последиците од трупањето на резерви на тоалетна хартија – истакнува Тејлор.

Но, луѓето така се однесуваат и поради страв. Фишхоф наведува дека подготовките, па нека е во прашање и само тоалетна хартија, на луѓето им го враќа чувството на контрола врз ситуацијата која претходно им делува безнадежно.

Translate »