Кровни градини-мали зелени оази за одмор и релаксација
Не сите, и не секогаш можеме да престојуваме во природа, да побегнеме од градот, од неговата хаотичност, загаденоста и сообраќајниот метеж.
Како алтернатива, како дел нашето секојдневие во последно време во Скопје се почесто можеме да забележиме како на самите кровови се изведуваат градини. Можеби само жардиниери со цвеќиња и растенија или зеленило на цели кровни површини. Овој концепт на зелени (градини) на крововите е со идеја да се креира зелена оаза, место за одмор и релаксација, контраст на бетонот и асфалтот, од кој скопјани се презаситени. Со кровните градини се подобрува микро климата, се намалува прашината, споро се дренира водата при обилни врнежи се намалуваат поплавите, се подобрува звучната изолација, се штеди енергија при греење и ладење, а најважно е што навистина се чувствува разлика во воздухот што го дишеме.
Со ваквите иницијативи дефинитивно се подобрува животната средина, квалитетот на воздухот и се намалување емисијата на јаглерод диоксид. Градинарскиот центар ФОЈА е една од ретките компании која веќе подолго време изведува кровни градини, која облагородува индивидуални куќи, станбени и комерцијални објекти.
Покривите со вегетација на врвот од Халк банка и десетина индивидуални домови и компании во Македонија и Опатија Хрватска се дел од проектите каде целосно или во партнерство со други изведувачи пејсажистите од ФОЈА креираа простор за паметење.
Кровните градини стануваат се попопуларни во светот, иако датираат од поодамна. Најчесто се практикуваат типови на екстензивни градини со трајна ниска вегетација и мала височина на супстратот 8-10см. истите бараат минимална грижа. Кровните градини се подигаат врз систем од повеќе слојни елементи. Врз завршната фаза на изолација се поставува против коренова фолија, па дренажни панели со вграден или посебен филтер (геотекстил), периметарна дренажа, ревизиони шахти систем за полевање,супстрат (специјална мешавина) и растенија.