Христијан Мицкоски: не се плашам од Мијалков и не гледам причина да ми се одмаздува.
Прашан дали се плаши од одмазда од Сашо Мијалков кого тој и раководството што го предводи го исклучија од партијата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во синоќешното интервју за тв Алфа рече дека не се плаши и не гледа причина Мијаков да му се одмаздува.
Мицкоски рече и дека тоа што се случувало како амнестија за 27 април не е помирување.
-Тие луѓе беа злоупотребени направени терористи, криминалци, држени во зандани, во куќен притвор, уценувани, притискани и доведени до ивица, и потоа да им се даде сламката за спас, но под услов да го изгубат целото свое достоинство што го граделе цел живот и како луѓе и како карактери во општеството.
Тоа не е амнестија, тоа е понижување, тоа не е помирување, тоа е еден процес кој што тие луѓе ги одбележал цел живот и тоа благодарение на еден човек, на Зоран Заев, вели Мицкоски.
Тој рече дека е жално што тој Стокхолмски синдром во кој што жртвата се вљубува во киднаперот сега е присутен кај нив. Не можам да ги оправдам, но можам да ги разберам, вели тој.