Излечен италијанскиот “нулти пациент“ – докторите ја открија добитната формула

Мажот (38), на одделението на интензивна нега во многу сериозна состојба завршил на 20-ти февруари, но до 9-ти март повеќе немало потреба да биде приклучен на инкубациска цевка за дишење и закрепнал.

„Коронавирусот може сериозно да влијае и на младата популација. Младите имаат повеќе “оружје“ во борбата против вирусот: третман на “оживување“ кој вклучува и шок терапија со коктели на антивирусни лекови, антибиотици и експериментално, оние кои што се користат за лечење од ХИВ вирус, полесно можат да ги поднесат оние кои што физички не ослабнале“ – изјавил Франческо Мојоли, пренесуваат од „Вечерни новости“.

„За лечењето да биде успешно, мора да постои комбинација од три факти: терапија со која што се одржува виталноста (хидратација, вештачко хранење итн.), третмани од коктел експериментални лекови и отксутност на дополнителни компликации“ – објаснил тој.

„Значителен допринос во шансата за закрепнување дава и отсутноста на другите патологии, а тоа значи дека освен белите дробови и другите органи треба добро да работат. Кај младите луѓе, лечењето е потешко доколку постојат и компликаци во лечењето на другите органи, како што е срцето, џигерот и бубрезите“ – додал Мојоли.

„Критичната, но стабилна состојба е добар знак. Мажот во болница е веќе три седмици па докторите успеале да го сфатат текот на болеста: состојбата брзо се влошува, потоа следи втора фаза на стабилизација и конечно – подобрување. Тој сега е во одделот на постинтензивна нега во Сан Матео и се наоѓа во фаза која што докторите ја нарекуваат “одвикнување“ и во која шок терапијата целосно запира. Сам дише и полусвестен е“ – навел докторот.

„Тој стана симбол на фактот дека коронавирусот може да се лечи дури и кога пациентот е во многу сериозна состојба“ – заклучил тој. 

Translate »