Вознемирувачки фотографии од сајтот на институтот во Вухан: Експериментирале со лилјаци без заштита?

Фотографиите одненадеж биле повлечени во текот на минатиот месец, а исто така недостасуваат и фотографиите од посетата на експертот од американската амбасада.

Загрижувачките фотографии од научниците кои истражуваат лилјаци биле избришани од сајтот на институтот “обвинет” за пандемијата на коронавирусот

Фотографиите кои откриваат шокантен недостиг на мерки за заштита биле отстранети од сајтот на Институтот за Вирологија во Вухан откако дипломати и други научници кренале паника, пренесува “The Sun”.

Изгледа дека исто така биле отстранети и докази од посетата на експертот за наука и технологија од амбасадата на САД во Пекинг во март 2018-та година, Рик Свицер, од кого тргнало информирањето на јавноста.Lavender@Lavende42059988

武汉P4实验室病毒研究中心负责人石正丽陷入焦虑和害怕中……

她说自己寝食难安,整夜整夜的不合眼,反复回想自己每一项研究,每一个动作,不停问自己病毒是不是从我们实验室泄漏的?

这说明什么?说明实验确实有病毒,不然焦虑什么?

在证据确凿的情况下,中共无法抵赖,石正丽就是最后的背锅侠

View image on Twitter
View image on Twitter

110Twitter Ads info and privacy61 people are talking about this

Како резултат на неговата посета дошле и предупредувања на амбасадата во врска со ризиците со експериментирање со лилјаци.

“Во текот на соработката со научниците од вуханската лабораторија, забележано е дека постои сериозен недостиг на правилно облечени техничари и истражувачи потребни за безбедно раководење”, било наведено.

Американски и британски разузнавачи се сомневаат дека дошло до ширење на смртоносната зараза токму во време на ризичните тестирања на лилјаци на коронавирус.

Исто така, претседателот на САД, Доналд Трамп, во четвртокот објавил дека го увериле разузнавачките податоци дека кризата започнала токму во Институтот во Вухан.

Translate »