Тетово екстремно загадено, забележана висока концентрација на ПМ10 честички во воздухот

loading...

Синоќа во Тетово преку државните мерни станици за мониторинг и мерење на квалитетот на воздухот на апликацијата за мобилни телефони „Мој воздух“ е забележана екстремно висока концентрација од над 800 микрограм на метар кубен ПМ10 честички во воздухот.

Ноќеска беа двојно зголемени и концентациите на ПМ 2,5 честичките кои наместо 50 микрограми на метар кубен, изнесуваа 123.

Бројката на денови кога е зголемена концетрацијата на штетните честички не е целосна со оглед дека од 26 април до 23 септември немаше мерења.

Мониторинг станицата во Тетово е инсталирана во април 2004 година и од почеток врши мерења на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (ПМ 10).

Translate »