Министерот за економија на Каталонија поднесе оставка
Министерот за економија во каталонската влада, Санти Вила, поднел оставка, соопштиле извори од владата за новинската агенција „Ројтерс“.
Оставката ја поднел вчера, по одлуката на регионалниот претседател Карлес Пучдемон да одбие да распише избори и да ја остави можноста за еднострано прогласување независност од Шпанија.
Санти Вила изјавил дека е против таквата декларација и дека повеќе се залага за распишување избори, јавува каталонскиот весник „Вангвардија“.