Стелитски снимки се доказ што се случува во Северна Кореја

Северна Кореја почнала со ликвидацијата на нуклеарниот полигон Пунгје-ри, тврди американскиот сајт “38 North”, повикувајќи се на сателитски снимки од 7. мај.

“Сателитските снимки од 7. мај наведуваат убедливи докази дека демонтирањето на полигонот за тестирање веќе оди во полна пареа”, пишува весникот.

Порталот тврди дека се урнати некои помошни згради. Демонтирани се и пруги за вагони.

 

38 North@38NorthNK

Recent commercial satellite imagery has provided definitive evidence that the has begun dismantling the Punggye-ri Nuclear Test Sitehttp://www.38north.org/2018/05/punggye051418/ 

North Korea has Begun Dismantlement of the Punggye-ri Nuclear Test Site | 38 North: Informed…

After initial reporting of plans to allow experts and media personnel to observe the closing of North Korea’s Punggye-ri nuclear…

38north.org

Некои позначајни објекти, вклучувајќи ги двата најголеми – командниот центар и зградата на администрацијата – останале недопрени.

Влезовите во тунелите се уште отворени, што веројатно е поврзано со тоа дека на церемонијата за затворање на полигонот, која ќе биде одржана од 23-25. мај, ќе присуствуваат странски новинари и истата ќе вклучува рушење на сите полигони со експлозив и затворање не нивните влезови.

Translate »