“Лего со моето его” -Уметницата Гордана Винчиќ со спектакуларна изложба во Скопје
Скопјани ќе имаат можност да ја видат и да се запознаат со работата на авангардната уметница Гордана Винчиќ во галеријата Ко-Ра. Изложбата ќе трае од 19 мај (сабота ) до 31 мај каде ќе бидат изложени повеќе од 500 дела. Цртежите се создавани во периодот од 2014 до 2018 г.
Овој мултимедијален проект е смислен визулено да искаже еден од бројните начини како човекот може да инспирира и да се остварува. Секој јунак треба да се отповика на предизвикот, но по патот треба да тргне сам. На тој пат како Одисеј тој ќе доживее и ќе сретне, но одлуката што ќе направи е само негова, и само така на крај дома ќе си дојде вели Годана Винчиќ