Викиликс: Во 2008 година Македонија била подготвена да го прифати името Република Северна Македонија
Македонија била подготвена да го прифати името Република Северна Македонија (Republic of Northern Macedonia или Republic of North Macedonia) уште во 2008 година, под услов со тоа да биде вклучено и признавањето на “македонскиот” јазик и националноста“, се вели во доверливата дипломатска пишана белешка од амбасадата на САД во Скопје, што ја објави Викиликс, а ја пренесува електорнското издание на Катимерини.
Доверливата белешка, насловена како “Што им е потребно на Македонците за решавање на спорот за името”, е со датум од 29 јули 2008 година и е напишана од тогашната американска амбасадорка Џилијан Миловановиќ.
Пораката, како што пишува Катимерини, покажува дека преговарачките цели на Македонија во последната деценија не се променети многу и до одреден степен се постигнати со потпишувањето на Договорот меѓу Макеоднија и Грција во јуни оваа година.
Во првиот дел од белешката, Миловановиќ ги изнесува своите заклучоци по состаноците со тогашниот претседател Бранко Црвенковски и со премиерот Никола Груевски, притоа наведуваќи и какви услови би биле прифатливи за земјата.
Според белешката што ја објавува Викиликс, а на која се повикува Катимерини, тоа се следните услови:
Име: Република Северна Македонија (Republic of Northern Macedonia или Republic of North Macedonia
Каде: Во сите меѓународни организации, и дополнително билатерално, од која било земја што не сака да го користи уставното име. (И покрај тоа што не го дискутиравме ова експлицитно, веројатно меѓународните договори би следеле по истиот модел, при што со користењето на новото име во мултилатералните односи, ќе има можност за такво нешто и билатерално). Македонија ќе го користи своето уставно име и внатрешно, на пасоши, во медиумите итн.
Идентитет: Јазикот и националноста ќе се нарекуваат македонски, но ова би можело да се однесува премолчено, можеби како дополнителен анекс кон Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, или со некој друг внатрешен документ на ОН, кој не е предмет на грчко разгледување/одобрување. Во крајна линија, на Македонија треба да и се гарантира дека нивниот јазик, националност и слично ќе продолжи да се нарекува македонски, а не северно-македонски.
Целата доверлива дипломатска белешка е на следниот линк: