Во првата половина од годинава, НЛБ Банка со раст на кредитната поддршка и силен придонес кон економијатa

НЛБ Банка забележа успешни деловни перформанси во првото полугодие од годинава, покажува анализата на финасиските резултати на Банката. Работејќи согласно усвоената Деловна политика за 2023 година, во првите шест месеци, НЛБ Банка испорача значајна кредитна поддршка на населението и бизнис секторот, давајќи придонес во економијата на државата, и уште еднаш потврдувајќи ја својата позиција на системски значајна Банка со висок пазарен удел во банкарскиот сектор во земјата.

Во анализираниот период, НЛБ Банка одговори на финансиските потреби на клиентите, го зголеми пласманот на кредитите и оствари значителен годишен раст на кредитната активност кон небанкарскиот сектор од 6,4% во однос на истиот период претходната година. 

Во периодот од 1.01 до 30.06.2023 година, НЛБ Банка оствари зголемување на нето-добивката за 4,0% во однос истиот период лани, што е резултат на континуираните продажни активности на кредитните продукти со посебен фокус на домаќинствата, микро, малите и средни претпријатија како и зголемен број на корисници на платните и платежни сервиси на Банката.

Намалувањето на тековните сметки на нефинансиските правни лица пак, резултираше со намалување на вкупните депозити на Банката за 1,2% во однос на крајот на претходната година.

Во првото полугодие, НЛБ Банка доби низа награди и признанија од домашни и меѓународни партнери, соработници и институции, меѓу кои и признанието од реномираниот финансиски магазин „EMEA Finance“ кој по 7-ми пат ја избра НЛБ Банка Скопје за „Најдобра банка во Македонија за 2022 година“.

Банката успешно работеше и на полето на општествената одговорност со реализација на бројни донации и спонзорства во првите шест месеци од годината. Особено значајна е донацијата на НЛБ Банка во вкупна вредност од 150.000 евра на пет невладини организации и институции кои имаат витална улога во општеството и работат на општествено корисни проекти.

Очекувањата на Банката се дека во претстојниот период ќе се одржи макроекономската стабилност на државата, што ќе придонесе за постабилен деловен амбиент за реалниот сектор по глобалната енергетска криза, нарушувањата на каналите на снабдување, промената на трендовите на фининансиските пазари и инфлаторните притисоци.

НЛБ Банка и натаму ќе продолжи да делува во насока на поддршка на населението и приватниот сектор во земјата, давајќи значаен придонес во макроекономскиот и финансискиот амбиент на државата. Дополнително, препознавајќи ги ризиците од климатските промени, Банката зазеде проактивен став преку дадениот акцент на „зелените кредити“ – кредитирање во области за производство на електрична енергија од обновливи извори, намалување на загадувањето и подобрување на животната средина.

Во фокусот на работењето на Банката остануваат дигитализацијата, подобрено клиентско искуство и унапредена поддршка на клиентите преку зајакнување на улогата на контакт-центарот, развојот на информативниот систем, проширување на палетата на производи и услуги и зголемување на квалитетот на услугите, како и грижата за човечките ресурси на Банката како главен столб на квалитетното работење.

Translate »