Пандев стрелец за Џенова во триумфот над Лацио (ВИДЕО)
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев го постигна првиот гол во победата на Џенова синоќа на гостувањето кај Лацио.
Пандев кој својата афирмација ја доживеа токму на „Олимпико“ погоди во 55.минута. До крајот двете екипи постигнаа по еден гол за конечни 2:1 за Џенова.
Тимот на Македонецот со оваа победа полека се издвојува од зоната на испаѓање и фаќа приклучок со екипите од средината на табелата во Серија А.
Џенова е 13. со 24 бода по 23 рунди. Лацио е трет со 46 бода.