ВИДЕО: 20-годишен Јутјубер бил убиен додека снимал опасно видео

Јутјуберите и инфлуенсерите, во желба за слава понекогаш ги коцкаат и сопствените животи. Но, проблемот е кога на таа коцка ќе изгубат.

Веќе се забележани многу случаи на лица кои поради ‘совршено селфи’ загинале. Некои поради слава одат толку далеку што загрозуваат животи и на други луѓе, како рускиот јутјубер кој неодамна ја заклучил бремената девојка на тераса, бидејќи еден следбеник му понудил 1000 долари, поради што починала.

Последниот пример каде потрагата по слава ‘однела глава’ е забележан во САД, кога во Нешвил бил убиен 20-годишниот Јутјубер, Тимоти Вилкс, додека снимал нешто што требало да биде шега.

Имено, Вилкс сакал да направи ‘пренк’, односно да се преправа како да краде од луѓето пред еден забавен парк, за да ги види нивните реакции и да ги објави. Па така, заедно со неколку пријатели ѝ пристапил на група од неколку луѓе, пренесува „BBC“.

Сите биле наоружани со големи ножеви, а за шегата да биде уште поубедлива Вилкс не им рекол дека снимаат за Јутјуб. Се разбира, луѓето кои се согласиле, не можеле да знаат дека станува збор за шега, а едно момче, кога ги видело ножевите, извадило пиштол и пукало во Вилкс.

Од локалната полиција велат дека никој не е уапсен, бидејќи момчето кое пукало со пиштол, го направило тоа во самоодбрана.

Translate »