Русите креираа„пострашно оружје од нуклеарна бомба“. За 15 мин. стига во Вашингтон!
Руските воени системи „Sarmat“, „Avangard“ и „Jars“ имаат извонредни борбени својства, тие се крајно опасни за потенцијалниот противник, пишува кинескиот портал „Sina“
Според написот, вооружувањето на руските ракетни сили со овие ракетни модели со дострел повеќе од десет илјади километри „ја става Америка во ќорсокак“.
Авторот на статијата посвети посебно внимание на ракетниот систем „Avangard“. Тој посочи дека американската противвоздушна одбрана не е во можност да го пресретне овој проектил поради тајноста на руската ракета, а феноменалната брзина го прави особено ефикасен.
- Ракетата Avangard може да стигне до Вашингтон за 15 минути. За тоа време, Американците нема да имаат време ниту да испијат шолја кафе, а камоли да се спротивстават на руската ракета, се нагласува во написот.
- Во случај на избивање на хипотетички конфликт меѓу Русија и Соединетите држави, американските крајбрежни области ќе бидат без заштита од концентриран напад од „Avangard“, и покрај „најсовршениот одбранбен систем на светот“, смета авторот на статијата.
Авторот самата ракета ја нарече „ремек-дело на руската армија“ и истакна дека поради неговите борбени карактеристики станува збор за „пострашно оружје од нуклеарна бомба“.
Весникот исто така ја нагласува целосната супериорност на Русија во областа на хиперсоничното оружје. Како што е забележано, Русија разви цела низа хиперсонични ракети, додека САД не успеаја да направат никакви.