Билјана Дебарлиева: „Умерена исхрана и правилен избор на производи е она што ме одржува!“

Билјана Дебарлиева е препознатливо ТВ лице која важи за една од најубавите дами во нашата земја. Жена со препознатлив топол глас, природна убавина и шарм, која им пркоси на годините.

Која верува дека со практикување здрав животен стил и здрави навики, можеме не само поубаво да изгледаме, туку пред се да се чувствуваме добро.

„Секогаш кога можам настојувам да се хранам здраво, пред се тука мислам на умереност, да пијам вода и секако редовно да пешачам, и да го избегнувам стресот се разбира колку можам. Бидејќи сум и мајка со мојот пример сакам да бидам позитивен пример и за моите деца. Денот ми почнува со чаша вода со лимон, појадувам некаде околу 10 часот, а во меѓувреме, не го пропуштам утринскиот ритуал на пиење кафе со колегите на работа или за време на викендите дома. Она што исто така го правам е додавање колаген во водата, а некогаш и во кафето. Свесна сум дека некогаш се потребни природни додатоци, за да го забрзаат метаболизмот во организмот“.

„Производството на колаген во нашето тело природно почнува да забавува како што старееме, а тоа не можеме да го надоместиме со редовната исхрана. Мојот избор за колаген е Арборeал! Говедски мулти-колагенски комплекс кој со своите наномолекули, брзо и лесно продира до целните ткива: кожата, коските, забите, тетивите, лигаментите, ‘рскавицата, поттикнувајќи го природното производство на колаген во нашиот организам“, вели Дебарлиева.

Translate »