Коѕиас вели дека името е одбрано
Шефот на грчката дипломатија, коментирајќи го телефонскиот разговор меѓу двајцата премиери, најави дека тие утре повторно ќе разговараат,
Коѕиас рече дека името ќе биде соопштено по разговорот меѓу двајцата премиери, доколку утре се комплетираат деталите . Toj откри дека името е веќе одбрано. Во однос на јазикот го повтори ставот дека македонскиот јазик е признат уште во 1977 од ОН.
Тој рече дека со ратификуван договор во нашето Собранието, Грција ќе даде зелено светло на Самитот на министри за надворешни работи на ЕУ на 25 јуни за евроинтегративната перспектива, а ако се оди според планираното НАТО ќе достави покана за членство на нашата земја.
Шефот на грчката дипломатија на неколку пати повтори дека од договорот јасно ќе произлегува дека „соседната земја нема никаква врска со антиката и со античка Македонија, а јазикот припаѓа на словенската група јазици“.
Тој објасни дека во преговорите не може едната страна да добие сѐ, а другата ништо . Toj истакна дека е потребен договор што ќе опстане низ времето и ќе помогне во градење пријателски односи меѓу двете земји.