Била зависна од секс, а потоа еден настан ѝ го променил животот!
30-годишната Лори од Шефилд била зависничка од секс и признала дека спиела со 200 мажи, но нејзиниот живот се променил откако станала мајка.
Таа во своите први изјави за медиумите зборувала за својата зависност која ја почувствувала кога била многу млада.
“Не знам со колку точно мажи имам спиено, но мора да се помеѓу 100 и 200. Никогаш не можев да се заситам. Кога сфатив дека тоа би можело да влијае на мојот син Хенри, одлучив да побарам помош”, изјавила Лори за “The Sun”.
Во меѓувреме ја напишала книгата “Дневникот на секс зависник”, која во целост е базирана на нејзиниот живот. Лори почнала да биде сексуално активна кога имала 12 години, а една година подоцна имала и момче.
“Бев малолетна поради што тоа беше погрешно, но знаев дека сум многу сексуална. Ми се допаѓаа и момци и девојки, едвај чекав да почнам да се состанувам”, раскажала таа.
Кога влегла во дваесеттите години, нејзината желба за секс била сѐ поголема.
“Одев во секс клубови по излегувањата бидејќи многу сакав секс. Моето поранешно момче ме однесе на голема секс забава, каде гледаше како имам секс со шест мажи одеднаш. Неделно спиев со неколку мажи, дури и кога не бев расположена за тоа. Се чувствував немоќно бидејќи не можев да ја контролирам мојата желба. Запознавав странци на Инстаграм кои ми даваа комплименти, а потоа се сретнував со нив и имавме секс”.
Кога двајца мажи почнале да ја следат, сфатила дека мора да побара помош. Започнала да посетува состаноци за зависници од секс, а во тој момент имала партнер кој ја поддржувал, но притисокот бил огромен помеѓу нив во текот на “закрепнувањето”, по што на крајот раскинале.
Благодарение на состаноците, Лори е во целибат четири месеци и се надева дека ќе пронајде нов партнер.
“Секако, сѐ уште сум своја. Секогаш ќе бидам многу сексуална, но доколку пронајдам момче, се надевам дека мојата моногамија ќе успее. Се прифаќам онаква каква што сум и не се срамам од тоа”, заклучила 30-годишната девојка.