Почна одбројувањето до падот на кинеската вселенска станица
Според последните проценки на Европската вселенска агенција, кинеската станица Тјангонг -1 треба да падне над Јужна Европа во периодот од 10 часот на 31 март до попладневните часови на 1-ви април . Поголем дел од станицата веројатно ќе изгори во атмосферата, но постои веројатност некои остатоци тешки и до 100 килограми да паднат на земјината површина.
Кина никогаш го нема обелоденето составот на станицата, тешка 8,5 тони.
Астрономите тврдат дека ако таа согори ноќе и над населено место, тоа „најверојатно ќе биде видливо, како метеор или ѕвезда“.
„Искуството ни говори дека влезот во атмосферата ќе го преживеат 20 до 40 проценти од деловите. Нормално, постои некоја мала шанса да ви падне некој дел во двор, ама шансите да повредат некого се исклучително мали. Би рекол дека поголеми се шансите да ве погоди гром два пати во една година, отколку да ви падне дел од вселенска станица на глава. Главно паѓаат во океан, далеку од луѓе”, смируваат од Австралиската вселенска аагенција.