Приказната за Лионел Меси: Видео
Кога клубот верува во тебе, можеш да ги достигнеш ѕвездите!
Навикнати сме да ги гледаме на телевизиските екрани, да навиваме за нив, да ги сакаме или да ги мразиме, да се расправаме кој е подобар од кого,.. но сте се запрашале ли како најголемите светски фудбалски ѕвезди станале тоа што се денес?
Лесно е да ги судиме според перформансите на натпреварите, стилот на облекување или милионите во банка, но некои од најдобрите светски фудбалери воопшто немале лесен пат до успехот, сѐ додека вистинскиот клуб не застанал зад нив.
Таков пример е и најдобриот фудбалер на денешницата –Лионел Меси. За тие што не наишле на неговата биографија, Меси бил исклучително талентирано дете и уште на петгодишна возраст покажувал извонредна страст за фудбалот. Играл во мал локален клуб што го водел неговиот татко, кој преку ден работел во фабрика за железо, додека неговата мајка повремено чистела куќи. Благодарение на својот талент и посветеност кон фудбалот, Меси веќе на свои осум години играл за младинските Old Boys од Њувел.
Но, тогаш се појавиле проблемите. На единаесет години му било дијагностицирано пореметување на хормонот за раст, што значело големи трошоци за медицински третмани. Ова било голем удар за Меси и неговото семејство, бидејќи самите немале пари да ги платат трошоците, а клубовите за кои тренирал не биле заинтересирани да му помогнат и покрај прогнозите за светска кариера.
Тогаш, се појавил клубот што му го променил животот. Младинската академија на фудбалскиот клуб Барселона го препознала талентот на Меси и неговата огромна љубов кон фудбалот и решиле да му ја дадат шансата што ја заслужувал – фудбалскиот клуб му ги платил сите медицински трошоци, му овозможил на неговото семејство да се пресели во Шпанија, а младиот Меси да изгради кариера за која никогаш не ни сонувал.
Замислете колку малку требало светот да остане без својот фудбалер број еден. Постојат многу талентирани деца, но не добиваат шанса сите.
Љубовната приказна за фудбалерот Лионел Меси и неговата сопруга