Магнезиум цитрат за одржување на мускулната функција, нервниот систем, за енергија, електролитна рамнотежа и намалување на заморот
Физичката активност е една од најдобрите инвестиции во здравјето, но активното тело посебно во лето има и поголеми барања. Мускулите, нервниот систем, енергетскиот метаболизам и процесите на опоравување зависат од добра нутритивна основа, и додатови во исхраната.
Па така ако овие жешки денови се соочувате со прекумерно потење, кратко и отежнето дишење, силно забрзан пулс и промени во притисокот, или можеби чувствувате лошење, главоболки, како и дезорентација, можеби ви недостига магнезиум?
Во услови на високи температури се нарушува електролитниот баланс во телото, додека изложеноста на стрес, напорните денови бараат поддршка не само за мускулите, туку и за целокупната рутина на закрепнување.
Загубата на клучните електролити и нарушувањето на електролитскиот баланс кој ја пореметува работата и на срцето и на нервниот систем и на мускулите, и создава една општа слабост и изнемоштеност на организмот, е честа појава.
Одржувањето на хидратација, електролитен баланс, престој во ладна средина и избегнување изложеност на екстремна топлина се главните превентивни мерки.
Магнезиумот треба да биде дел од еден сеопфатен систем кој вклучува движење, исхрана, додатоци во исхраната, хидратација, сон, опоравување и континуитет. Таа комбинација носи најдобри резултати на долг рок.
Магнезиумот е важен за сите, но кај луѓето кои се активни, многу чсто тренираат и кои многу се потат е потребен повеѓе од просечно. Пресуден е за срцето, мозокот и мускулите му помага на организмот да ја одржи терморегулацијата и спречува негово прегревање.
Уште подобар ефект се добива кога магнезиумот се комбинира со цинк и Б комплекс. Притоа е важно да одбереме магнезиум кој добро се апсорбира во телото, магнезиум цитрат (со 5 пати поголема апсорпција во однос на други достапни форми), бидејќи во лето со потењето брзо го губиме и магнезиумот. Се препорачува таблета со 500 милиграми на магнезиум цитрат, која исто така содржи и 15 милиграми цинк пиколинат и витамини од Б комплексот.

Неговата улога не е да го замени тренингот, исхраната или одморот, туку да даде поддршка таму каде што на активното тело често му е најпотребна: мускулна функција, нервен систем, енергија, електролитна рамнотежа и намалување на заморот.
Магнезиумот не е замена за правилна исхрана, и паметно дозирана физичка активност, туку едноставна и разумна поддршка за активен организам.

