Албанската полицајка која го апсеше српскиот функционер на Косово растура во ринг (Видео)
Маригона Беатини беше меѓу косовските специјалци кои учествуваа во апсење на српскиот функционер Марко Ѓуриќ. Таа е припадничка на специјалните единици на косовската полиција “Росу” и е позната по своите боксерски вештини. Дури и Србите признаваат дека девојката е вистински змеј во рингот. Инаку, таа е миленичка на Харадинај, кој од почеток ја туркаше нејзината кариера, за што постојат и заеднички слики постирани на социјалните мрежи.