Го продава орденот за храброст за да се здоми
Полковникот Сајмон Мелони, авганистански ветеран кој одвај преживеа отако беше погоден во грло со снајпер, си ги продава ордените за да купи куќа.Британецот се надева дека за нив ќе добие помеѓу 80 000 и 100 000 фунти.Ордените за храброст веќе се ставени на аукција.
“Горд сум на ордените, но ова за мене беше единствен логичен чекор.Парите ми требаат за да си купам куќа. На моето семејство морам да му обезбедам дом “, вели Мелони.
Во Ст.Алнанс, Херс, каде живее пензионираниот полковник, имотите чинат над 350 000 фунти.