Во кои земји на ЕУ работниците добиваат најмалку и каде растат платите?
Просечните трошоци за работна сила во целата економија на ЕУ (со исклучок на земјоделството и јавната администрација) во 2020-та година изнесуваат 28,5 евра, додека во еврозоната просечната часовна стапка е нешто поголема – 32,3 евра.
Податоците покажуваат мало зголемување на платите во споредба со една година порано, кога тие беа 27,7 евра и 31,4 евра на час, покажуваат најновите податоци на Европскиот завод за статистика.
Најмалку добиваат во Бугарија, а најмногу во Данска
Просечната плата на час во земјите на ЕУ варира многу, со најниска во Бугарија (6,5 евра на час), Романија (8,1 евра) и Унгарија (9,9 евра), а најголема заработка во Данска (45,8 евра), Луксембург (42,1 евра) и Белгија (41,1 евра).
Просечната цена на платите во производството во земјите на ЕУ достигнува 28,8 евра, а во еврозоната е 34,8 евра. Во градежништвото тие се 25,6 и 29 евра, соодветно, и во услужниот сектор се 28,2 евра за ЕУ и 31,1 евра за еврозоната.
Двете главни компоненти се платите и социјалните надоместоци од страна на вработените. Вториот претставува 24,5 проценти од сите приходи меѓу земјите на ЕУ, како и 25 проценти за земјите од еврозоната.
Најголем раст на платите има во Португалија
За последните 12 месеци има зголемување на трошоците за плати за 3,1 процент во ЕУ и 2,9 проценти во еврозоната.
Раст на платите е пријавен во сите земји на ЕУ, освен Малта (-4,7%), Кипар и Ирска (-2,7%). Најголем раст е забележан во Португалија (+ 8,6%), Литванија (+ 7,5%) и Словачка (+ 7%), додека приходите најмалку се зголемија во Луксембург (+ 0,5%), Финска (+ 0,7%) и Холандија ( + 0,8%).
За земјите што не се во еврозоната, трошоците за час на работна сила се зголемија за сите освен за Хрватска (-1,0%), со најголемо зголемување во Унгарија (+ 7,9%), Бугарија (+ 7,8%) и Чешка (+ 7,4%) и Романија (+ 7,2%). Најнизок раст има во Шведска (+ 1,1%) и Данска (+ 2%).
Во 2020-та година, повеќето земји-членки воведоа разни шеми за поддршка на нивните економии поради пандемијата со Ковид-19. Севкупно, сепак, има пад на платите на час во текот на изминатата година во скоро сите земји на ЕУ, како и во земјите од еврозоната, според Евростат.