Човечка бруталност како одговор на морална одговорност – настанот во Охрид кој ја разгоре македонската јавност
Во текот на вчерашниот ден на социјалните мрежи се појави видео настанато пред скопјанец да се најде во загрозувачка ситуација, кога бил нападнат со камења од страна на охриѓанец.
Имено, Александар Донев, воедно претседател на Здружението за поддршка и промоција на одржлив туризам и одговорни активности, „Mustseedonia“, на неговиот Фејсбук профил сподели дека доживеал непријатност на една од охридските плажи.
„Пред малку во Охрид, се шетаме кај Hotel Desaret доле со децава како и некои други фамилии и чури цела околина од што палат наоколу и на крај на плажава го гледам ова….“, објаснува Донев, па продолжува:
„Побарав одма кој е одговорен за да не се запали дрвово и да се изгасне оганов. Им кажав што работам и дека не смееме ова да го правиме и да уништуваме природа на едно од најубавите места во светот и дека ќе го пријавам ова. Додека да се разберам кој што како, еден постар човек ме нападна и фрлаше по мене со огромни камења. Сакав да снимам и ми се пуштија сите да ме тепаат, мене скопјаничшето што им солело памет (според нив). Искрено да не беше тука жена ми со децата и пријателите и еден помлад дечко што ме извлече, сериозно ќе настрадав“, стои во објавата на Александар, која ја крена на нозе македонската јавност.
Уште една исклучително непријатна ситуација во нашата земја, која граѓаните остро ја осудија, и за истата бараат одговорност од надлежните институции.