Протести против промена на името

Неколку илјади граѓани во Скопје протестираат за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата. Протестот започна пред Мисијата на Европската унија, а потоа граѓаните се упатија кон Собранието на Македонија. Демонстрантите извикуваат „Македонија, Македонија“ и пеат партиотски песни. Тие што протестираат бараат да се стави крај на разговорите за името, повлекување на Законот за употреба на јазиците, повлекување на Договорот со Бугарија, ослободување на притворените и осудените за насилствата во Собранието на 27 април. Барањата, како што велат, ќе бидат доставени до Претседателот, Собранието и Владата и до сите странски амбасади во Македонија.

Тие што протестираат велат дека доколку Владата не ги прифати барањата, бараат распуштање на Собранието и одржување вонредни парламентарни избори. Зад протестот стојат неколку здруженија.

 

Translate »