Нови „бомби“,овој пат од Чикаго

На „Фејсбук” објавени се шест нови нелегално прислушкувани разговори, „бомби”.

Пет од објавените разговори се на албански јазик, а објавувачот тврди дека наводно зборуваат политичарите од ДУИ, Блерим Беџети, Муса Џафери и Бекир Асани.

„Ова е само почеток на објавување на некои прислушувани разговори во кои се вклучени Али Ахмети и Муса Џафери, напишал објавувачот, додавајќи дека „кумановската група“, мислејќи на осудените за Диво Насеље, поседуваат уште разговори кои ќе бидат објавени, барајќи меѓународна истрага за случајот, за да наводно се откриела улогата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Една од „бомбите“ е на македонски јазик, а наведено разговараат поранешните високи полициски функционери Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков, за тогашниот заменик министер во МВР, Блерим Беџети, кој барал да се казнат припадници на полициската единица „Алфи“, бидејќи според него се однесувале грубо при рацијата во дискотеката „Шери“. Според Мијалков и Јанкулоска,  „Алфите“ коректно си ја завршиле работата и при претресот пронашле пиштол, кај извесен Шеваљ кој седел на иста маса со Беџети.

Фејсбук профилот „Ел Чека“ (El Cheka) на објавувачот на „бомбите“ не е анонимен, има над 2.747 пријатели.

Дел од нелегално прислушуваните материјали веќе се отстранети.

Translate »