Велинград Алкалија: Душата на планината наточена во шише
„Илјадници луѓе живееле без љубов, но ниту еден без вода“, изјави еднаш англискиот поет Вистон Хју Оден за да ја истакне моќта и значајноста на водата за животот.
Водата е практично тука отсекогаш и без неа не би постоел животот на Земјата. Од првиот момент кога ќе се разбудиме, до моментот кога повторно ќе легнеме да спиеме – постојано ни е потребна вода која ќе не’ освежи и ќе ни даде енергија. Сите истражувања некогаш спроведени потврдуваат дека пиењето доволна количина вода директно влијае на здравјето, но дали постои идеален или најефективен начин да се осигураме дека секогаш му овозможуваме на телото правилна хидратација?
Изборот на вода која ја консумираме секојдневно е исклучително важен – таа треба да биде чиста, здрава и да одговори на сите наши дневни потреби. Токму затоа ја препорачуваме Велинград Алкалија, вода која доаѓа од душата на планината!
Наточена од самата природа, од извор лоциран 1.200 метри под нивото на земјата, Велинград Алкалиа претставува симбол на планинската чистина. Течејќи и собирајќи ги својствата на планината, таа станува дел од неа, кој потоа се собира во шише и стигнува до вас. Велинград Алкалиа ќе ви овозможи совршено освежување секој ден од неделата.
Поради нејзиниот уникатен состав и значително помала киселост (pH вредност 9,36) од обичната вода, таа спаѓа во категоријата „алкални води“ кои се сметаат за исклучително корисни за општото здравје. Пиењето на водата Велинград Алкалиа дава поголемо чувство на свежина, и ќе ве подготви за предизвиците кои стојат пред вас. А за навистина да ги почуствувате придобивките од алкалните својства на Алкалиа, најдобро е да ја консумирате секојдневно, по оброците, по напорните физички активности и секогаш кога ќе почувствувате жед во организмот. Велинград Алкалија е совршениот придружник во секојдневието! Поради специфичниот состав на водата, препорачливо е да се консултирате со лекар за да ја одредите редовноста и количината на консумирање.
„Велинград Алкалиа ужива огромен успех на повеќе пазари, придобивајќи ја довербата на потрошувачите со нејзините карактеристики и приказната поврзана со местото од каде што потекнува. Македонските консумери/потрошувачи го заслужуваат само она што е најдобро за нив. Донесена ‘од душата на планината’, а наменета за дома или на работното место, оваа вода е исклучително погодна за да ве одржи во најдобрата можна форма и да ви даде енергија за активностите кои ги носи секој нареден ден“, вели Казимир Геанта, менаџер за производи во Велинград Алкалија.
Водата е причина за животот на светот, за раѓањето и за одржувањето во живот. Денеска, на 22 март, односно Интернационалниот ден на водата, ја истакнуваме значајноста на чистата и здрава вода за пиење за одржување на здравјето на човековото тело, кое треба да биде хидрирано, односно „добро подмачкано“ пред да се впуштите во дневните предизвици… и тоа со чиста, природна вода.
Велинград Алкалија потекнува од недопрената убавина на високите балкански планини, кои се познати по раскошната природа и пространото зеленило од кое потекнуваат толку многу приказни и митови за оваа соседна земја. Оваа вода ќе го донесе душата на планината директно во вашиот дом, наточувајќи мали делови од неа во шишиња од 0,5 и 1,5 литри за таа да биде достапна за сите. А неа ќе ја пронајдете многу лесно, доколку го побарате модерниот дизајн на тиркизното шише на Велинград Алкалија, со нијанса на боја специфична за нивото на алкалност на pH скалата. Директно од душата на планината!