Мириси кои не прават посреќни

Секој од нас има омилен мирис од природата, омилен парфем и омилен мирис на омекнувач за алишта. Мирисите се многу важен дел од нашите животи и ни враќаат спомени.

Сетете се колкава носталгија ве фаќа кога ќе почувствувате мирис на парфем што сте го носеле во текот на средно училиште или на некој важен настан. Само со едно вдишување се враќаат сите тие авантури и забави што поминале, а сеќавањата поврзани со мирисот не заминуваат ни по многу години.
Научниците истражувале кои мириси ги прават луѓето среќни и возбудени кога ќе ги почувствуваат и издвојуваат дури седум. Овие мириси асоцираат на многу среќни и весели времиња.

Бор

Истражувањата покажаа дека повеќето луѓе се радуваат кога ќе почувствуваат мирис на борово дрво. Во принцип, мирисот на ова дрво го поврзуваме со Божиќ и Нова година, што за повеќето луѓе е најсреќниот период од годината. Докажано е и дека мирисот на бор ја ублажува вознемиреноста, па добра терапија против депресија е прошетка низ борова шума.
miris
Фото: Freepik

Цитрус

Ако барате моментална доза на среќа и енергија, мирисајте цитрус. Докажано е дека мирисот на ова супер здраво овошје ве исполнува со енергија и ве подготвува за денот. Мирисот на лимон особено се издвојува како мирис што ја намалува вознемиреноста и го прави човекот посреќен.

Свежо косена трева

Свежо искосената трева нè прави среќни не само затоа што нè потсетува на пролетните денови туку и затоа што ослободува одредени хемикалии кои нè смируваат и нè прават посреќни. Така, следниот пат кога ќе се чувствувате депресивно – искосете ја тревата во вашиот двор.

Цвеќиња

Изреката „Застани и помирисај ги розите“ буквално може да ви донесе среќа. Ќе почувствувате уште поголем ефект ако наместо роза, почувствувате мирис на лаванда или јасмин, за кои е докажано дека ги елиминираат нервозата и стресот и ги релаксираат телото и умот.

Рузмарин

Покрај тоа што се става во специјалитети, рузмаринот добро служи и како инстант антидепресив. Докажано е дека мирисот на рузмарин ја подобрува функцијата на мозокот и ве прави посреќни.

Нане

Додека чајот од нане ве смирува и релаксира, мирисот на есенцијалното масло од нане има многу поинаков ефект. Само неколку капки од ова масло се доволни за да ја вратите вашата енергија и добро расположение, а за подобри перформанси пред важните натпревари, дури и професионалните спортисти го мирисаат.

Translate »