Ексклузивни и досега необјавени фотографии од Адолф Хитлер, кои со години ги чува Америка
Фотографиите на Хофман одиграле клучна улога во популарноста на Хитлер меѓу германската публика.
Овие
ретки фотографии го прикажуваат Адолф Хитлер кога ја зајакнувал својата
моќ, собирајќи помала група нацистички приврзаници во текот на
1920-тите години.
На фотографиите се гледа нациститчкиот лидер во текот на своите митинзи и како позира со куче. Овие фотографии се дел од огромната колекција која дури сега ја видела светлината на денот.
Во таа колекција имал околу 1.270 слики, кои Ричард Шнајдер ги дигитализирал. Фотографиите ги направил личниот фотограф на Хитлер, Хајнрих Хофман.
Споменатата колекција од слики е дел од поголема група на фотографии, 42.000 од нив, кои се чуваат во Националната архива во САД.
На една слика се гледа Хитлер со куче, кое му е дадено во 1921-ва година. Фотографијата веројатно била направена во 1923-та .
Фотографиите на Хофман одиграле клучна улога во популарноста на Хитлер меѓу германската публика.
Тој умеел да ја долови љубовта кон кучињата, дивеењето кон неговите приврзаници, што на Хитлер му давало имиџ на прекрасна личност.
Една фотографиија го прикажува Хитлер како позира со група членови на Третиот Рајх, вклучувајќи го и неговиот министер за пропаганда, Џосеф Геблс.
Тука е и Рудолф Хес, кој бил заменик на Хитлер се додека не занимал во Шкотска во 1941-ва година во обид да постигне мировен договор со Велика Британија. Бил уапсен и осуден на доживотен затвор поради воени злосторства.
Негативите биле конфискувани од страна на војската во 1962-ра година и пратени во Националниот архив. Хофман во текот на владеењето на Хитлер станал богат, бидејќи ги продавал фотографиите.
Фотографот бил уапсен по војната и осуден за воено профитерство. Минал пет години во германските затвори.