EHF: Со моќно видео за Вардар
Вардар трета година по ред ќе учествува на завршниот турнир од Лигата на шампионите во Келн, и покрај сите заминувања и проблеми, македонскиот шампион го одржува високото ниво на успеси.

Вардар ги победи сите проблеми со кои се соочуваше и уште една година ќе игра на завршниот турнир во Келн. Дел од важните ракометари си заминаа, но победничкиот менталитет остана. Вардарци ги надминаа сите проблеми со кои се соочуваа оваа сезона, Роберто Парондо покажа дека е голем тренер и го однесе македонскиот тим до уште еден фајнл-фор. Завршниот турнир оваа година ќе се одржи на 1 и 2 јуни. Противник на Вардар во полуфиналето е Барселона. ЕХФ со моќно видео му посака добредојде на Вардар во Келн:

