ВИДЕО: Ова е првиот македонски политичар кој јавно призна дека е хомосексуалец
Емил Кирјас, дипломат и поранешен генерален секретар на МНР, за прв пат во естрадниот магазин Бекстејџ отворено зборуваше за својата сексуална определба и пред македонската јавност призна дека е геј.
Тој вели дека за оваа тема воопшто нема дискусија во Македонија, дека истата е потполно непозната и дека не постои едукација. Ги спомена и стиховите од Тоше Проевски („Што е тоа во луѓето толку тажно што живат во животи туѓи“) и порача да размислиме што сакал Тоше да ни пренесе со овие зборови. Го додаде и тоа дека во развиените земји различностите се предност, додека кај нас ситуацијата е сосема обратна и дека тоа мораме што поскоро да го промениме.
Целото интервју погледнете го во продолжение.